You are on page 1of 7

Page setup и секции(Word)

Вовед во Word
Првата верзија на Microsoft Word беше развиена од страна на Charles Simonyi и Richard
Bordie, поранешен Xerox програмери ангажирани од страна на Bill Gates и Paul Allen во
1981 година. Првата Word верзија, Word 1.0, била издадена во октомври 1983 година за
Xenix MS-DOS, тоа беше проследено со четири многу слични верзии кои не беа многу
успешни. Првата верзија на Windows беше издадена во 1989 година, со малку подобрен
интерфејс. Кога Windows 3.0 бил издаден во 1990 година, Word стана огромен
комерцијален успех. Word за Windows 1.0 беше проследено со Word 2.0 во 1991 година и
Word 6.0 во 1993година. Потоа тоа беше преименувано во Word 95 и Word 97, Word 2000
и Word foe Office XP. Една од поновите верзии е Word 2007.Microsoft Office 2007
(официјално наречена 2007 Microsoft Office System) е верзија за Windows на Microsoft
Office System. Office 2007 содржи голем број на нови алатки и опции.Според Forrester
Research, почнувајќи од Мај 2010 година, Microsoft Office 2007 се користи во 81% од
претпријатијата.Microsoft Word е софтверски пакет за обработка на текст. Можете да ги
користите за да напишете писма, извештаи и други документи.

Обработката на текст со помош на компјутер може да се дефинира како управување со


текстот, односно негово уредување, организирање, обликување, прикажување и чување.
Денес постојат повеќе квалитетни програми за таа намена, произведени од различни
произведувачи. Сепак, најпопуларна и најкористена е програмата на американскиот
производител Microsoft позната под името Word. Во секоја фирма или институција,
речиси сите деловни и административни преписки најчесто се пишуваат во Word. Иако,
неговите можности се огромни, Word е необично едноставен за користење. Сепак, со
оглед на огромниот број можности не може да се избегне извесен степен на
комплексност.
Користење на Word
Microsoft Word 2007 е моќен програм за обработка на текст.Иако главната цел на Word е
внесување, уредување и печатење на текст, Word исполнува и многу други задачи.Тоа ќе
ви помогне да се создаде единствен документ како што се писма и белешки, но исто така
и во создавањето на готови документи за професионален изглед на публикации како што
се весниците или книгите.

 Активирање на Word :

За да можете да ја користиме програмата Word 2007 морате да ја активирате. Постапката


за активирање е иста како и за останатите програми. Од лентата со задачи кликнете на
копчето Start, All Programs, Microsoft Office, Microsoft Office Word 2007.Word исто така,
може да го активираме со двоен клик на соодветната икона на работната површина или
со двоен клик на било кој Word документ.

 Изглед на основниот прозорец:


Како и секоја апликација, така и Word по активирањет добива правоаголен простор што се
нарекува прозорец.Прозорецот во Word е работна средина каде што се одвиваат
активностите.

Слика 1: Изглед на прозорецот во Word


Елементи на прозорецот:

 Насловна лента
 Лента со алатки за брз пристап
 Алатки
 Линијари
 Работен простор
 Копчиња за да изберете дисплеј
 Зумирање
 Статусна линија
 Вертикален лизгач

 Насловна лента

Слика 2:Насловна лента(Title Bar)

Во насловната лента го пишува името на програмата( на прозорецот) и името на


моментално отворениот документ, а десно има копчиња за контрола на прозорецот.

 Лента со алатки за брз прстап

Слика 3: Лента со алатки за брз простап (Quick Access Toolbar)

Лентата со алатки за брз пристап (Quick Access Toolbar) соджи сет од најчесто користени
команди.

 Алатки (Ribbon)

Слика 3: Лента со алатки(Ribbon)

Лентата со алатки се наоѓа на горниот дел од екранот, и е организиран така што на


корисникот му помага брзо да ги најде и избере командите. Командите се организирани
по групи. Секоја група соджи команди поврзани со видот на дејноста. Лентата со алатки
можете да ја минимизирате за да се направи повеќе простор на екранот. Со двоен – клик
на името на активното мени ќе се намали целата лента. На истиот начин се врши и
враќањето.

Слика 4: Минимизирана лента

Кога со глушецот ќе кликнеме на името на менито кое сакаме да ни се прикаже на


минимизираната лента, на екранот ќе се покаже одбраното мени со сите негови команди.
Повторно со двоен клик на името на активното мени ќе се покаже лентата во целост.

 Линијари (Rulers)

Постојат два линијари: хоризонтално по горниот раб на хартијата и вертикално по


должината на левиот раб на хартијата. Линијарите (eng. Rulers) покажуваат каде се наоѓа
текстот на страницата. На линијарот можеме да ги подесуваме маргините по сопствена
желба.

Слика 5: Хоризонтален линијар

 Простор за пишување

Работната површина има изглед на бел лист хартија и се користи за внесување на текст и
вметнување на разни предмети.

 Копчиња за да изберете дисплеј

Копчињата за да го изберете дисплејот се наоѓа десно од статусната


лента. Тие се користат за да изберете како да изгледа документот.

 Лизгачи

Вертикалните и хоризонталните лизгачи ви овозможуваат да ги разгледате и да ги видите


различните делови од документот. Вертикалниот лизгач е секогаш прикажан.
Хоризонталниот лизгач автоматски се појавува на екранот кога има потреба за
хоризонтално лизгање на страниците низ документот (кога страницата по должина не е
видлива во целост).

Основни познавања
Внесување на текст – Внесувањето на текст е крајно едноставно. Веднаш по
активирањето на Word можете да започнете со внесувањето на текст во празниот
документ што се отвора. Вертикалната линија што трепка во работниот простор се
нарекува курсор или место за внесување, односно вметнување текст. Внесувањето текст
се прави со притискање на копчињата на тастатурата. Додека пишувате, курсорот ви
покажува каде ќе се наоѓа следниот карактер (буква, број, знак и сл.). Големите букви се
внесуваат со притискање на копчето Shift и соодветната буква. Празното место меѓу
зборовите се остава со притискање на копчето Space (најголемиот тастер на
тастатурата). Приота, нема потреба да притискате на копчето Enter на крајот на редот,
бидејќи Word автоматски го префрлува текстот во нов ред кога ќе ја достигне десната
маргина. На Enter треба да притиснете само кога е потребно да започнете нов пасус
(параграф). Доколку сакате да поделите некој пасус, едноставно кликнете на местото
каде што сакате да поделите и притиснете Enter.

Селектирање текст – Повеќето од задачите што се извршуваат во Word, бараат најпрво


да го селектирате текстот што треба да го модифицирате. На пример, ако сакате да
подвлечете некоја реченица, ако треба да избришете цел пасус, ако треба да ископирате
некој текст и сл., мора истите прво да ги селектирате. Текст може да селектирате со
помош на глувчето или преку тастатурата. Во следнава табела се дадени методите што
се користат за селектирање текст:

Селектирање Акција

Определен текст Поставете го покажувачот на глувчето на почетокот од текстот,


притиснете и држете го левото копче додека покажувачот се движи до
крајот на текстот.
Еден збор Кликнете довојно на зборот.
Една реченица Притиснете и држете го копчето Ctrl, а со глувчето кликнете на
реченицата.
Еден ред Кликнете лево (надвор од маргините) во линијата (редот) за
селектирање.
Повеќе редови Кликнете лево на почетниот ред и влечете до крајниот ред.
Еден параграф Кликнете двојно во линијата за селектирање веднаш (лево) до
параграфот.
Цел документ Тро клик од маргините на документот или притиснете ја комбијацијата
Ctrl+ A од тастатурата.
Бришење текст – Понекогаш е потребно некој карактер или текст да се избришат. Ако
внесете погрешен карактер при внесувашето текст , тој се брише на еден од следниве
начини:

 Притиснете на копчето Backspace (на некои тастатури е претставено само со


стрелка во лево и се наоѓа над тастерот Enter) за да ги избишете непотребните
карактери лево од курсорот или
 Притиснете на копчето Delete за да ги избришете карактерите десно од курсорот.

Доколку сте одлучиле дека некој блок текст е непотребен и сакате да го избришете, мора
најпрвин да го селектирате, а потоа притиснете на Delete или Backspace. Ако е потребно
постојаниот текст да го замените со нов, едноставно селектирајте го и почнете да
пишувате врз него.

Копирање и преместување текст – Ако на некое место во документот имате дел од


текстот (или друга соджина) која сакате да го употребите и на друго место, многу е
полесно истиот да го ископирате отколку да го препишувате. Најпрвин селектирајте го
текстот, а потоа направете го следново:

 Ако сакате текстот да го ископирате на друго место, кликнете на копчето Copy, или
притиснете ја комбинацијата Ctrl + C од тастатурата, потоа притиснете на копчето
Paste или притиснете Ctrl +V од тастатура.
 Доколку сакате да го преместите текстот на друга локација, кликнете на копчето
Cut или притиснете Ctrl + X од тастатурата, потоа притиснете на копчето Paste
или притиснете Ctrl + V од тастатура.

Снимање на докумант – Документот кој го пишувате постои само во RAM меморијата на


компјутерот сем додека не го снимите. Снимање на документ се прави на следниов
начин:

 Кликнете на копчето Office или притиснете ја комбинацијата Ctrl + S од


тастатурата, по што се отвара дијалог прозорецот Save As.

You might also like